Connect with us

Фудбал

Навивачите на Дортмунд ја раздрмаа Европа со кореографија на која има веб адреса: Еве каде оди врската

Кореографијата во изведба на навивачите на Борусија Дортмунд пред почетокот на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик привлече големо внимание и одекна во светот на фудбалот, а на неа има линк до веб-адресата заедно со пораката „УЕФА мафија“ .

Навивачите на Борусија Дортмунд протестираа против реформите во клупските натпреварувања на УЕФА и по тој повод жестоко ја прозваа покривната куќа на европскиот фудбал. „УЕФА МАФИЈА“, пишуваше на големата кореографија, со додавка дека нејзините челници не се грижат за спортот, туку само за парите. Но, она што е најинтересно од се е што дел од кореографијата е и линк до веб-адресата. Над пораката „УЕФА мафија“ пишува „www.nein-zur-cl-reform.de“, а тоа е соопштение од здружените навивачки групи кои протестираат против реформата на натпреварувањата на УЕФА.