Connect with us

Фудбал

Навивачите на Интер му испратија порака: Им беше миленик, но сега го проколнуваат, Лукаку поради еден потег стана омразена личност

Ултрасите на Интер  остро го критикуваа Ромелу Лукаку поради тоа што донел одлука да преговара со Јувентус и потенцијално да му се приклучи на лутиот ривал на Интер. Во еден момент се чинеше дека Лукаку и следната сезона ќе игра во Интер, но овој пат како купен, а не позајмен играч од Челзи.  Но Белгиецот наеднаш престанал да одговара на повиците на спортските директори на Интер и се отвори за можноста да се приклучи на Јуве, кој нудеше поголема плата од Интер.

Интер испадна од трката и сега се стреми кон други цели.Курва Норд“, наверната навивачка група на клубот, го критикуваше Лукаку откако тој првично замина во Челзи, сега го критикува Белгиецот дека уште еднаш го предал клубот. Во соопштението (објавено преку La Gazzetta dello Sport), тие порачаа: „Кој еднаш изневери, ќе го направи тоа повторно не затоа што ужива во тоа, туку затоа што тоа е дел од нивната природа“. Да, затоа што ти Ромелу не предаде сите нас, кои те браневме во твојот лош период. Те браневме кога те исмејуваа навивачите на тимот што те бараше, сега ни возвраќааш со нож во грб. Го бакнуваше нашиот грб кој ни вреди повеќе од нашите животи и сега како грд, евтин платеник се продавее на оној што ќе понуди повеќе. Пред да бидеш шампион треба да бидеш маж. А ти не си“., пишува во соопштението.