Connect with us

Фудбал

Навивачите на Интер му подготвуваат „пекол“ на Ромелу Лукаку, веќе купуле 50.000 парчиња!

Навивачите на Интер ќе направат „пекол“ на 29 октомври кога ќе гостува Рома. Една од најголемите причини е Ромелу Лукаку, белгиски фудбалер кој летово им се приклучи на Римјаните и кој дури преговараше со Јувентус. Поради тие преговори тој го навлече гневот на навивачите на Интер, па дури 50 илјади од нив купија свирчиња специјално за тој натпревар.

„Тој 29 октомври е датумот што мора да го заокружиме во календарот за да бидеме подготвени и да го пречекаме, нека го почувствува ужасот од наша страна затоа што ни го сврте грбот на најсрамен начин. Покажа дека е мал човек, бидејќи пред да станеш шампион, треба да бидеш маж и да знаеш да го одржиш зборот“, велат од навивачката група на Интер.

Дополнително, во соопштението се вели дека ќе бидат искористени 50 илјади свирчиња секогаш кога Лукаку ќе ја прими топката.