Connect with us

Фудбал

Навивачите на Лацио во транс, доаѓа ѕвездата од Премиер лигата

Според угледниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, кој важи за добро информиран, кога се во прашање трансферите на италијанските екипи, тврди дека Давид Силва од Манчестер Сити испратил позитивни сигнали до Лацио дека сака да се пресели во Рим.


Тој ја игра последната сезона во Сити, а по завршувањето на учеството на тимот во ЛШ, заминува како слободен играч. Подготвен е да го прифати предизвикот на Лацио и Серие А.