Connect with us

Фудбал

Навивачите на Левски ќе го палат македонското знаме во Скопје!? (ВИДЕО)

Како што се наближува утрешниот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига меѓу Шкупи и Левски, атмосферата меѓу двајцата активисти се вжештува.

Во таков момент не можеме да ја оставиме настрана политичката тензија меѓу Македонија и Бугарија.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје каде се очекуваат близу 1.600 ултраси на Левски.

Според Спорт1.мк, на социјалните мрежи веќе се упатуваат закани.

Најголем впечаток остави најавата за палењето на македонското и албанското знаме на трибините на најголемиот стадион во Скопје, што дефинитивно може да предизвика немири не само кај приврзаниците туку и кај полицијата.