Фудбал
Навивачите вечерва во 27. минута ќе го напуштат Гудисон Парк
Евертон и Арсенал вечерва од 21 часот ќе го одиграат последниот натпревар од 15. коло на англискиот премиершип.
Тоа ќе биде можност да уживате во уште едно уживање во островскиот фудбал, но и можност за Евертон да се обиде да прекине една катастрофална серија или Арсенал да се вклучи во борбата за Лигата на шампионите.
Сепак, натпревар кој може да понуди вистински спектакл, на Гудисон Парк, според многу англиски портали, навивачите на Евертон ќе го напуштат стадионот во 27. минута.
Тие на овој начин сакаат да му испратат порака на сопственикот Фархад Мошири кој е на чело на клубот од 2018 година, но се чини дека се тргнало во погрешна насока и покрај некои поголеми трошоци во изминатите две сезони.
Поранешниот претседател на Премиер лигата, Сајмон Џордан, смета дека Мошири е најголемиот виновник за кризата во Евертон, што очигледно го мислат и навивачите на тој клуб.
„Проблемот на Еверотна е Мошири“, изјави за talkSPORT поранешниот сопственик на Кристал Палас, додавајќи:
„Мислам дека Мошири троши пари, не сум сигурен дека потрошил онолку колку што луѓето мислат дека е, но тој не знае дека води фудбалски клуб и мислам дека тој е виновен за се што се случува.
Марсел Брендс, поранешен директор, го напушти Евертон во неделата. Под негово водство Евертон за три години потпиша со 26 играчи, а се верува дека за тоа се потрошени околу 300 милиони фунти.
Џордан смета дека Евертон е доволно квалитетен и нема да испадне од лигата, но дека нема стратегија и иднина.
„Тие само трошат пари, без идеја. Каде оди сето тоа? Се оди во погрешна насока, нема политика за развој на млади играчи, нема менаџерска политика, нема директор за фудбалска политика, лоша распределба на средствата. …“, рече Џордан.
Евертон има респектабилен тим со неколку големи ѕвезди, но моментално е малку надвор од опасната зона.