Connect with us

Кошарка

НБА го скратува времетраењето на подготвителните натпреварите

Времетраењето на четвртини на ревијалните натпревари во НБА ќе се намали од 12 минути на 10 минути, објави „ЕСПН“.

Оваа одлука е донесена за да се заштитат играчите од преголем замор по четиримесечна пауза поради пандемијата на коронавирус. Првите натпревари ќе се одржат на 22 јули.

Сезоната во НБА лигата ја прекина коронавирусот во март, а првите официјални натпревари по продолжувањето ќе се одржат од 30 јули во Спортскиот комплекс „Дизни“ во Орландо.