Кошарка
НБА sвездата не сака да се вакцинира поради религија, се чека одговорот на лигата
НБА лигата воведе правилник според кој сите играчи мора да се вакцинираат против КОВИД пред почетокот на новата сезона.
Истото важи и за навивачите кои сакаат да присуствуваат на натпреварите. Билетите нема да бидат достапни без приложена потврда за вакцинација.
Кошаркарот на Голден Стејт, Ендрју Вигинс ќе побара од властите во Сан Франциско да направат исклучок за него од верски причини.
Градскиот оддел во Сан Франциско се изјасни и рече дека нема да направи ништо без да се консултира со раководството на НБА лигата.
Инаку, Вигинс би пропуштил 350.000 долари за секој пропуштен натпревар според актуелниот договор.
Вигинс не е првиот спортист што побара ваков вид исклучок од вакцинација, повеќето од нив не се одобрени, па ќе видиме каков став ќе заземе НБА.