Connect with us

Кошарка

НБА во чест на Коби го промени форматот на „Ол стар“ натпреварот

НБА официјално го објави новиот формат на „Ол стар“ натпреварот.

Оваа година организаторите сакаат да му оддадат почит на Коби Брајант кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со неговата ќерка и уште седум други.

Настанот ќе се одржи на 16 февруари во Чикаго.

Капитени на тимовите ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Андетокумбо. Првите три четвртини од мечот ќе бидат по 12 минути, и сите ќе почнуваат со резултат 0:0.

Победникот на секоја од нив ќе избере јавна организација да добие 100.000 долари во добротворни цели.

По одигрувањето на првите три дела и утврдување на победниците во нив, се додаваат поените на секоја екипа и последната четвртина ќе започне со вкупниот резултат.

На поените на тимот, кој во моментот води, ќе бидат додадени уште 24 во чест на Коби Брајант.

На пример, ако резултатот по првите три четвртини е 100:95, 24 се додаваат на 100 и се добива 124. Во овој случај, првиот тим кој ќе постигне 124 поени, без разлика за колку време, е победник во Натпреварот на вездите. Тој ќе добие 200.000 американски долари, кои ќе ги даде на добротворна организација по избор.