Connect with us

Кошарка

НБА ѕвезда подари автомобил на жртва на семејно насилство (Видео)

Кошаркарот на Индијана, Виктор Оладипо ја воодушеви пошироката јавноста со својот невообичаен потег. Тој на последниот натпревар против Вашингтон и подари автомобил на Рентли Хилс, жена која беше жртва на семејно насилство.

Ѕвездата на „пејсерси“ автомобилот го доби од спонзорите како играч кој имал најголем напредок во минатата сезона, а со истиот одлучуи да направи голем гест.

  • Слушнав дел од Вашата приказна и сметам дека Вие сте инспирација за голем број луѓе. Вие сте голем борец, затоа изненадувачки овој автомобил ви припаѓа Вам, истакна Оладипо.

Откако ги надминала проблемите, Хилс моментно работи како адвокат во канцеларија и воедно им помага на жртвите од семејно насилство. Нејзината реакција при доделувањето на клучевите ги воодушеви сите во Индијанаполис.