Фудбал
Не е Кејн, ниту пак Мбапе – Реал носи фантастичен напаѓач
Реал Мадрид бараше замена за Кристијано Роналдо, но не успеа да го доведе ниту Хари Кејн, ниту Нејмар, ниту Килијан Мбапе, но затоа ќе дојде Родриго Морено.
На Реал му пропаднаа многу опции, а навистина имаше многу, па клубот на крајот се сврте кон „слабото“, но не и лошо решение.
Станува збор за Родриго, кој минатата сезона беше фантастичен во дресот на Валенсија и на „Местаља“ нема така лесно да се откажат од овој одличен офанзивец.
„Ако Реал го сака Родриго, тогаш мора да ја плати клаузулата за обесштетување од 120 милиони евра“, порача тренерот на Валенсија Марселињо.
Валенсија сепак може да прифати и значително помала понуда од „Кралевите“, а тоа би било околу 60 милиони евра. Родриго веќе играл во Реал во сезоната 2009/2010, но не доби шанса за деби во првиот тим.