Connect with us

Фудбал

Не е лесно да се одбие Барса

Францускиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико (М), Антоан Гризман, призна дека одлуката да остане на “Ванда Метрополитана” не ја донел веднаш, откако добил понуда од Барселона да се пресели на „Камп Ноу“.

Раководните лица на каталонскиот гигант сакаа за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на брзоногиот напаѓач кој на крајот ја одби официјалната понуда вредна 100 мил. евра.

  • Многу беше тешко да се одбие Барселона. Тие навистина сакаа да ме видат во нивниот состав. Постојано добивав повици и пораки. Но, од друга страна беше клубот за кој долго време настапував и каде сум важен играч. Атлетико (М) го гради својот проект околу мене. Тимските партнери и менаџментот на клубот направија напори за да останам. Ја подигнаа мојата плата и направија се за да не си одам. Тоа беше навистина тежок период за мене од аспект на донесување одлука за мојата фудбалска иднина, изјави репрезентативецот на Франција кој со нацоиналниот тим ја освои светската титула на Мундијалот во Русија.