Connect with us

Фудбал

Не е се така црно за Калиниќ: Има добри понуди

Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ беше избркан од репрезентацијата за Светското првенство.

Селекторот Златко Далиќ му се заблагодарил на Калиниќ и го испрати дома, пренесуваат медиумите во Хрватска, а причината за тоа е неговото одбивање да влезе во игра во последните пет минути од натпреварот со Нигерија.

Калиниќ го отпишаа и од Милан и делува како се во моментот да е црно за него,  но има и убави работи. Овај искусен напаѓач има неколку понуди, а помеѓу другите и онаа од Севиља.

Исто така и гигантите од Турција Бешикташ, Фенербахче и Галатасарај се подготвени да го купат, а добро е познато дека овие тимови располагаат со добар буџет и нема да им биде проблем да му дадат добра плата на поранешниот голгетер на Хајдук.

Но, кој знае сега кој ќе го „гледа“ после овој прекршок, а и претходно беше во бројни инциденти…