Connect with us

Фудбал

Не ми се допаѓа третманот кој го добивам од Клоп

Шпанскиот интернационалец Алберто Морено најпосле собра храброст за да признае дека е незадоволен од третманот кој го добива од менаџерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп.

Офанзивниот бек има одиграно само два натпревара во актуелната сезона и поради таквата ситуација реши јавно да се пожали. Поранешниот фудбалер на Севилја на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч и веќе не крие дека сака да се врати во Примера дивизион.

  • Искрено, не се чувствувам убаво во Ливерпул. Се повредив затоа што давав се од себе за овој тим и мислам дека заслужив да се вратам на зелениот терен после тешката повреда. Едноставно кажано, не ми се допаѓа третманот кој го добивам од Јирген Клоп. Размислувам за кам-бек во Шпанија. Доста ми е од ладното време, но немам некоја конкретна информација околу тоа дали некој клуб е заинтересиран за моите услуги. Тука сум веќе пет години и нема никакви преговори околу продолжувањето на соработката. За неколку месеци ќе почнам да размислувам за понудите кои ќе пристигнат на мојата адреса, изјави Морено за шпанското радио “Кадена Сер”.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија пристигна на “Енфилд” во 2014 година откако Ливерпул го купи од Севилја. Во Премиер лигата има одиграно 140 натпревари, а за конкуренција на својата позиција го има Ендрју Робертсон кој игра во фантастична форма и е миленик на германскиот стручњак.