Connect with us

Фудбал

„Не ми треба Клоп да ми кажува како да ја работам мојата работа“

Јирген Клоп беше изнервиран од начинот на кој поранешниот фудбалер Габриел Агбонлахор, кој сега работи како консултант во TalkSport. Сега доби одговор на критиките.

Менаџерот на Ливерпул беше изнервиран од начинот на кој Агбонлахор зборуваше за Ерик тен Хаг по поразот на Манчестер Јунајтед од Брентфорд, но и од тоа што всушност го омаловажи Брентфорд со своите коментари.

Одговорот стигна до Клоп.

„Никогаш во мојот живот не ми заѕвонил телефонот толку многу, сите ми кажуваа што се случило. Кога го видов, си помислив, – ајде Јирген, ова е малку премногу. Ова е добро за шоуто, знаеме дека менаџерите не слушаат. Но, за мене, ако мојата реакција на поразот од Манчестер од 4:0 беше преголема, сигурен сум дека луѓето кои ме ангажираа ќе ми го кажеа тоа. Не ми треба Јирген Клоп да ми кажува како да бидам консултант. Треба да се концентрира на работата како менаџер, не би ме слушал, па затоа нема да ги послушам ниту советите на Јирген Клоп. Но, се е во ред“, изјави Агбонлахор.

„Исто така е чудно што навиваше за Јунајтед. Можеби тој игра некои игри. Можеби е малку загрижен за понеделник, нема да биде згодно ако не добијат добар резултат. Доста чудно. Ама Јирген, ако нè слушаш, секогаш сум за муабет, можеме да се напиеме во Ливерпул. Нема проблем“, заклучи тој.