Фудбал
Не може повеќе да молчи: Чави е сериозно разочаран од некои играчи на Барселона
Фудбалерите на Барселона утре на домашен терен против Елче го играат натпреварот од 18. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб пред своите навивачи ќе го пречека Елче и ќе се обиде конечно да стигне до победа која сигурно многу би им значела на фудбалерите на Барселона во овој момент.
Чави Ернандез и утре нема да може да смета на неколку првотимци, но добра вест за него е што Жорди Алба и Усман Дембеле ќе бидат подготвени за овој меч.
Шпанскиот стручњак има одреден напредок во тимот на Барселона, но резултатите не покажуваат најдобро. Но, на Чави му е јасно дека му треба малку време за да го постигне сето она што го замисли кога го презеде тимот.
Пред се, на Барселона и требаат промени во играчкиот кадар и неколку звучни засилувања, бидејќи јасно е дека играчите кои сега ги има Чави не се баш по патеката на тимовите што ги имаше Барса во претходните години.
Чави на денешната прес-конференција повторно искрено проговори за ситуацијата во тимот и откри што многу непријатно го изненадило кога се во прашање поединечни играчи на овој тим.
„Неколку играчи во нашиот тим имаат големи проблеми со разбирањето што бараме од нив. Тие не можат да разберат позиционирање на теренот. За мене е изненадувачки и неприфатливо што еден играч на Барселона има проблеми со тоа. За жал, тоа е така. “ изјави Чави.
За потсетување, утрешниот натпревар помеѓу Барселона и Елче се игра од 18:30 часот.