Connect with us

Други спортови

Не му судете на Фетел, Алонсо ќе и недостасува на Ф1

Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, откри дека му била чест што годиниве наназад постојано бил во борба за титулата со најголемиот конкурент, Себастијан Фетел од Ферари. Тој победи на последната сезонска трка за ГН на Абу Даби и воедно и се заблагодари на својата екипа за одличната сезона, во која освои две титули – во конкуренција на возачи и конструктори.

  • Пресреќен сум, ви благодарам на сите за поддршката во текот на целата година. Ми беше чест и привилегија да се натпреварувам против Фетел. Го познавам многу одамна, од Формула 3, и знам дека тој е возач кој постојано дава се од себе на секоја трка. Има многу притисок на основа на своите грешки. Знам дека следната сезона ќе се врати многу посилен, изјави Хамилтон.

За Хамилтон победата во Абу Даби е 73 во кариерата, а 11. сезонава. Тој годинава ја освои петтата шампионска титула. На оваа трка од Ф1 циркусот се опрости двократниот шампион Фернандо Алонсо, од тимот на Мекларен.

  • Фернандо е вистинска легенда. Бевме привилегирани што се тркавме заедно со него. Во текот на целиот викенд ме прашува дали ќе ми недостасува? Тој нема да ми недостасува мене, туку на спортот воопшто, наведе Хамилтон.

Второто место му припадна на Фетел, кој истакна дека Луис сосема заслужено ја освоил титулата.

  • Тој е шампион и заслужено дојде до титулата. Ова беше тешка година. Се обидов се до последниот круг, но тој ја контролираше трката. Повеќе сакав да водиме тесна трка за победата. Ќе се обидеме да бидеме поконкурентни наредната година. Секоја чест за Фернандо Алонсо, ќе ни недостасува, додаде Фетел.