Фудбал
Не, не е шега: Лука Јовиќ тренира со клуб од БиХ!
Лука Јовиќ е роден во Босна и Херцеговина, но игра за сениорската репрезентација на Србија.
Јовиќ своите први фудбалски чекори ги направи во Бјелина, местото каде што е роден, а фудбалските патишта го однесоа прво до Црвена Звезда, а во моментов со договор е врзан за славниот Реал Мадрид.
Овој 23-годишник го користи секое лето за да го посети својот роден град. Како што се приближува почетокот на новата сезона, Јовиќ веќе ги полни батериите.
Локалниот клуб ОФК Зенит на својот Фејсбук пост се пофали дека Јовиќ тренира на терен и со тренери со цел да биде подготвен да започне нови предизвици.
Последната половина од сезоната ја помина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, а како што стојат работите, тој ќе се појави на прозивката на Реал Мадрид.
Зинедин Зидан си замина, но очигледно ништо нема да се промени за српскиот репрезентативец дури и со доаѓањето на Карло Анчелоти.
АС пренесува дека веќе е сигурно дека седум играчи ќе бидат на трансфер листата. Тоа се Варан, Лука Јовиќ, Марсел, Иско, Маријан, Одриозоло и Себаallос.
Јовиќ беше платен дури 60 милиони евра летото 2019 година, но првата сезона меѓу Лос Бланкос беше неуспешна затоа што постигна само два гола на 32 натпревари.