Connect with us

Фудбал

Не сакаа пречек во Париз, но кога видоа колку луѓе ги чекаат на плоштадот, одлуката се смени, Французите воодушевени (ВИДЕО)

Претседателот на ФФФ, Ноел ла Грае утринава изјави дека нема да има церемонијален пречек на фудбалерите, бидејќи сакаат веднаш по пристигнувањето во Париз да си одат дома и истакна дека никој не е расположен за шетање и славење по поразот во финалето на Мундијалот.

Сепак, дојде до промена на планот. Кога видоа колку луѓе се собрале на плоштадот, мораа да се појават и да ги поздрават.

Репрезентативците ја поздравија публиката, која вееше француски знамиња и извикуваше „Благодарам, сини“. Француската репрезентација два часа порано пристигна во Париз од Доха.

На крајот, сепак, фудбалерите на Франција беа воодушевени од поддршката за освоениот сребрен медал.
Повеќе од 50.000 луѓе ги чекаа на плоштадот Конкорд во Париз.