Connect with us

Фудбал

Не се снајде во Шпанија, спасот ќе го бара во Јунајтед

Кога пред две години од Монако се пресели во Атлетико, Тома Лемар беше најавен како идна ѕвезда на европскиот фудбал.

Играше и на Светското првенство во Русија каде со Франција ја освои титулата и се очекуваше трансферот во Шпанија да биде чекор напред во кариерата. Излезе дека не му бил правилен потегот, не ги оправда очекувањата и ќе мора да бара друг клуб каде ќе го потврди својот квалитет.

ЕСПН пренесува дека претставници на Лемар се сретнале со луѓето од Манчестер Јунајтед за да преговараат за евентуален трансфер претстојното лето. Лемар има уште три години од договорот со Атлетико, но шпанскиот прволигаш нема против да го продаде ако Јунајтед понуди 45 милиони евра.

Sportclub.mk