Фудбал
Не знаеше дека оди во Барселона: Ништо не ми кажаа, сфатив дури откако го видов договорот
Младиот турски фудбалер Емре Демир (17) неодамна потпиша договор со Барселона.
Талентираниот 17-годишник ќе се приклучи на каталонскиот клуб во јули следната година и ќе игра за Б тимот.
Дотогаш, Демир ќе игра за Кајсериспор, а интересно е што младиот фудбалер не ни знаеше дека ќе потпише договор со Барселона.
„Не знаев каде одам додека не го видов договорот. Мојот агент не ми кажа што се случува. Ми се јави и ми рече дека одиме во Истанбул да потпишеме за голем клуб“, изјави Демир за Спорт, додавајќи:
View this post on Instagram
„Бидејќи не сум полнолетен, не можев да го потпишам договорот и затоа моите родители отидоа со нас. Потоа го видов името Барселона во договорот. Моите родители не можеа да ги воздржат солзите“, истакна Демир.
Емре потпиша договор со Барселона до 2027 година, а Кајсериспор собра два милиони евра за неговите услуги.