Connect with us

Фудбал

Не знам дали е најдобар, но нема да ја земе Златната топка затоа што го нема на социјалните мрежи“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, верува дека неговиот фудбалер Бернардо Силва никогаш нема да ја освои Златната топка.

Португалецот игра феноменален фудбал во дресот на „граѓаните“, а неодамна бразилската легенда Зе Роберто истакна дека Бернардо моментално за него е најдобриот играч на светот.

Пеп Гвардиола го коментираше овој коментар. Му се допаднаа зборовите на некогаш големиот фудбалер, но има сериозен проблем со Бернард во борбата за најдобриот во светот.

“Тоа е она што го рече Зе Роберто? Ми се допаѓа бидејќи тој исто така беше еден од моите омилени играчи додека играв во Германија. Беше на својот врв и во 40-тите”, рече Пеп и продолжи со Бернардо Силва.

„Не знам дали Бернардо е најдобар на светот, но ниту тоа не ме интересира. Она што го гледам е дека тој е неверојатна личност. Задоволство е да се работи со него, тој може да направи се на теренот.

Сепак, менаџерот на Сити верува дека поради фактот што не е ѕвезда на социјалните мрежи, Португалецот никогаш нема да биде прогласен за најдобар во светот.

„Тој никогаш нема да ја освои Златната топка бидејќи не е активен на социјалните мрежи. Не е важно само победата, туку постигнувањето голови. Би сакал тој да ја земе наградата, но тоа нема да се случи“.

Бернардо Силва е член на Манчестер Сити од 2017 година. Тој одигра 238 натпревари и постигна 45 голови.