Connect with us

Фудбал

Недвед ја соопшти одлуката на Јувентус за Пирло и Роналдо

По турбулентната сезона во Јувентус, тие подготвуваат одредени промени, а медиумите уверуваат дека клубот одлучил да се раздели од тренерот Андреа Пирло, додека наводно Кристијано Роналдо исто така треба да го напушти тимот.

Јувентус синоќа беше сериозно поразен од Милан (3:0) во мечот од 35. коло на италијанската Серија А, и на тој начин најтрофејниот италијански клуб дојде во незавидна позиција и може да ја загуби Лигата на шампионите. Тоа навистина би било трагедија за тим кој има големи ѕвезди на фудбалот.

На Роналдо ќе му биде тешко да прифати да не игра во Лигата на шампионите, а Јувентус ќе биде тешко да ги исполни сите негови услови доколку не избори место во најелитното клупско натпреварување. Што се однесува до Пирло, тој разочара во својата дебитантска сезона како тренер и многумина се на мислење дека наскоро ќе стане бивш.

Сепак, Јувентус нема намера да се откаже ниту од Пирло ниту од Роналдо, а таа одлука ја објави директорот на клубот Павел Недвед.

“Не е лесно, но ќе се бориме до самиот крај. Продолжуваме да веруваме во Пирло и покрај понижувачкиот пораз од Милан”, изјави Недвед, убеден дека Роналдо ќе остане.

„На крајот на краиштата, убеден сум дека ќе го задржиме Пирло, но и Роналдо. Тие се важни за иднината на клубот и следната сезона.

Јувентус во моментов е петтопласиран тим во лигата со 69 бода, а во следната рунда ќе игра против Сасуоло.