Фудбал
Недвед: Ќе биде тешко, Реал и Сити се кандидати за трофејот
Познати се двојките за завршницата на Лигата на шампионите, а најавен е и спектакуларен дуел во четвртфиналето. Само, Јувентус прво треба да го мине Лион, а потоа да се сретне со Сити или Реал Мадрид.
Јувентус прво мора да одигра реванш од 1/8 финале против Лион во Торино. Во првиот натпревар, беше 1:0 за Французите. Директорот на Старата дама, Павел Недвед е свесен дека нема да биде лесно.
– Прво и најважно, треба да го поминеме 1/8 финалето. И таму, мора да бидеме свесни, нè чека напорна работа – рече Недвед .
Само ако помине Јувентус, што значи или победа од два или повеќе гола разлика, или 1:0 да се бори на продолжение, противникот во четвртфиналето ќе биде победник од дуелот Манчестер Сити – Реал Мадрид. Англискиот тим го доби првиот натпревар во Мадрид со 2:1.
– Манчестер Сити и Реал се два кандидати за трофејот и тоа ќе биде тежок дуел. Како и да е, нашата цел во моментов е прво да се избориме за патот до Португалија. Новиот формат со три нокаут-натпревари е многу интересен за целиот фудбалски свет, особено по долг период кога не се играше фудбал.
Другите парови од четвртфиналето се:
