Фудбал
„Нејмар е добар играч, но вистински кловн“
Бразил го совлада Перу со 4:2 во квалификациите за пласман на СП во 2022 година, а Нејмар на овој меч постигна хет-трик со што стигна до 64 погодоци во националниот дрес и со тоа го надмина легендарниот Луис Назарио да Лима Роналдо.
Но, по мечот, дефанзивецот на Перу, кој игра за Бока Јуниорс, Карлос Замбрано даде интересна изјава.
-Нејмар е голем, еден од најдобрите во светот. На овој меч го докажа тоа. Но, воедно на истиот меч потврди дека е вистински кловн. После секој дуел и контакт се фрла на теренот и прави театар. Во нашиот шеснаесетник падна едно 4-5 пати, а два пати успеа да извлече пенал, изјави Замбрано.