Фудбал
Нејмар и Меси имаат најмногу изгубени топки во Европа
Доколку некој н е пробуди од длабок сон и не праша кои се најдобрите дриблери во фудбалот, веднаш ќе одговориме: Меси и Нејмар.
Тоа е нивната највпечатлива карактеристика, меѓутоа овој викенд не дојде до изразување. Луѓето за кои сметаме дека не знаат да ја загубат топката, просто се посрамотиа. Двата најголеми виртуози имаа катастрофална статистика во изгубени топки. Беа најлоши од сите играчи во лига пет.
Нејмар го изгуби топката повеќе од било кој друг играч во петте најголеми европски лиги во текот на викендот – дури 34 пати.
Општите податоци кажуваат дека Меси ја изгубил топката 27 пати во последниот натпревар против Реал Ваљадолид.
Катастрофалната состојба на теренот можеби е објаснувањето за тоа зошто Маси изгубил толку топки, што са него тоа не е карактеристично.
Што се однесува до Бразилецот, тоа што постигна гол во победата на ПСЖ од 3:1 го засени фактот дека топката од него ја „крадеше“ секој што ќе му се приближеше.