Connect with us

Фудбал

Нејмар: Кавани е голем фудбалер, Мбапе има потенцијал уште да напредува

Најскапиот светски фудбалер Нејмар изјави дека вистинско задоволство е да се игра заедно со своите колеги од францускиот гигант ПСЖ, но призна дека ќе му треба уште малку време за да се воигра на најдобар начин со нив.

– Кавани и Мбапе се двајца големи фудбалери. Кавани е одличен, додека Килијан има огромно иднина пред себе. На нас ни е потребно уште време за да се воиграме и да се разбираме со затворени очи на теренот. Треба да се запознаеме уште подобро, истакна Нејмар.

Лесно е да играш со паметни фудбалери околу себе. ПСЖ не сме само јас, Кавани и Мбапе. Тимот има уште со играчи како Дракслер, Лукас Моура и Анхел Ди Марија, кои се феноменални фудбалери. Имаме многу големи фудбалери и е тешко да избереш само тројца. Сезоната е долга и за тоа сме толку силен тим. Целта ни е да ги освоиме сите трофеи, нагласи Бразилецот.

Нејмар додаде дека Мбапе иако е толку млад, веќе е одличен играч сопотенцијал уште да напредува.