Connect with us

Фудбал

Нејмар не го сакал Тухел во ПСЖ

 Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Нејмар и раководството на клубот се разминале значително во однос на желбите за нов стратег на чело на „принцовите“, пренесе „УОЛ“.
 
Парижаните неодамна го назначија Томас Тухел како наследник на Унаи Емери и германскиот специјалист,според изданието, не бил меѓу фаворитите на бразилскиот репрезентативец.
 
Оттаму велат дека ѕвездата на тимот ги посакувал на кормилото поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике или Карло Анчелоти.
 
Нејмар ја соопштил својата загриженост за тоа колку напаѓачки фудбал ќе практикува ПСЖ со доаѓањето на Тукел.
 
Во меѓувреме, гласините за иднината на Нејмар не се намалуваат. Информациите продолжуваат да циркулираат дека напаѓачот ќе оди во Реал Мадрид.
 
Нејмар стана дел од францускиот шампион летото 2017 година. За него, Насер Ал-Келаифи даде 222 милиони евра на Барселона. Оваа сума го направи Бразилецот најскап играч во историјата на играта.