Connect with us

Фудбал

Нејмар: Никогаш нема да бидам подобар од Пеле, Ромарио и Роналдо, головите се само бројка

Бразилскиот репрезентативец, Нејмар смета дека моментално е на 80% од своите можности откако се опорави по повредата на стапалата, а додаде дека никогаш нема да биде подобар од Пеле, Ромарио и Роналдо.

Последниве денови, светските медиуми многу често го споредуваат моментално најдобриот бразилски играч со неговите претходници, а со погодокот против Хрватска стигна до 54 постигнати голови за репрезентацијата, еден помалку од Ромарио, осум од Роналдо и 23 од Пеле.

,,Не постои борба за најдобар стрелец, на крајот на краиштата тоа се само бројки. Ги почитувам Пеле, Роналдо и Ромарио, тие се мои идоли, тие беа пред мене во репрезентацијата и никогаш нема да бидам подобар од нив.” кажа Нејмар.

Напаѓачот на ПСЖ кажа дека уште не е целосно оздравен од повредата на стапалата која ја доживеа во февруари и дека на теренот сеуште се чувствува малку неугодно.

“Сеуште имам страв, но со секој тренинг е се подобро. Се чувствувам непријатно, три месеци бев надвор од теренот и тоа е нормално, а во моментов мислам дека имам 80 отсто од моите способности”, додаде Бразилецот. 

На Светското првенство Бразил ќе игра во група „Е“, заедно со Србија, Костарика и Швајцарија, а првиот меч ќе го играат на 17 јуни против Швајцарија.

До почетокот на Светското првенство, Бразил ќе одигра уште еден пријателски натпревар, а нив во сабота ги чека натпреварот против исклучително добрата Австрија.