Фудбал
Нејмар, подобар од Меси, Роналдо и Ибрахимовиќ
Нејмар продолжува да поставува рекорди.
Напаѓачот на ПСЖ стана најмладиот фудбалер во историјата на Бразил кој достигна 100 настапи.
На тие 100 натпревари, Нејмар има постигнато 61 гол и 41 асистенција – тој е трет најдобар стрелец во историјата на Бразил.
Ако ја споредиме статистиката на Нејмар со другите играчи кога стигнаа до 100 натпревари за репрезентацијата, на пример со Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Златан Ибрахимовиќ – Нејмар стои многу подобро.
По 100 одиграни натпревари со Португалија, Роналдо имаше 37 голови и 26 асистенции, додека денес има 160 настапи и 93 гола – повеќе од кој било друг активен играч во светот. Тој исто така има 37 асистенции.
Додека Лионел Меси, по 100 натпревари со Аргентина постигна 46 голови и 31 асистенција, сега брои 68 голови на 136 настапи и 44 асистенции.
Од друга страна, сега пензионираниот Ибрахимовиќ има постигнато 50 гола на 100 натпревари со Шведска, додека вкупно има 61 погодок, 109 натпревари и 17 асистенции.
Гледајќи дека Нејмар има само 27 години, Бразилецот би можел да достигне рекордни височини ако продолжи вака.