Connect with us

Фудбал

Нејмар посочи четири легенди од кои никогаш нема да биде подобар

Лидерот на бразилската репрезентација Нејмар ги именуваше четворицата играчи од блиското и подалечното минато, кои, според него, никогаш нема да ги надмине. 
 
Неј Џуниор ги посочи имињата на Ромарио, Зико, Роналдо (Феноменот) и Пеле. 
 
– Тие ми беа идоли од моето детство. Никогаш нема да бидам подобар од нив, рече капитенот на „Селесао“ за новинарите.
 
Нејмар се врати на фудбалскиот терен по повеќе од три месеци отсуство и постигна брилијантен гол против Хрватска во пријателски натпревар одигран вчера на „Енфилд“.