Connect with us

Фудбал

Се повеќе се зборува за трансферот на Нејмар во Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Барселона и актуелен член на Пари Сен Жермен, веќе се договорил со големиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид за трансфер на „Бернабеу“.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми Бразилецот ќе стане дел од „кралскиот клуб“ летото 2019 година.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез призна дека преговарал со Нејмар пред извесно време. Таткото на Бразилецот и негов агент, пак објави дека во моментов неговиот син е во ПСЖ, но е можно некој ден да заигра во Мадрид.

Реал се среќава со ПСЖ во осминафиналето во Лигата на шампионите.