Connect with us

Фудбал

Нејмар со својот потег го предизвика гневот на навивачите на ПСЖ, на крајот дури претера

Фудбалерите на ПСЖ синоќа ремизираа на гостувањето кај Лајпциг (2:2) во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.

Парижаните синоќа не беа премногу брилијантни, а тимот беше ослабен бидејќи Маурисио Покетино не можеше да смета на повредениот Лионел Меси.

Домаќините поведоа во осмата минута со голот на Нкунку, но ПСЖ направи пресврт до крајот на првото полувреме. Во центарот на вниманието беше Вајналдум кој конечно доби шанса да игра од првата минута и го искористи тоа бидејќи постигна два гола за 2-1.

Сепак, Лајпциг израмни во 92. минута. Судијата досуди пенал, а голот за 2:2 го постигна Шобошлаи.

Нејмар, кој синоќа повторно не се истакна, беше мета на критики од навивачите на ПСЖ. Навивачите се бесни затоа што во еден момент Нејмар реши да стави свежи врвки на копачките иако траеше акцијата на Лајпциг.

Бразилецот клекна како неговиот тим да води со 5:0, а околу него додаваа играчите на Лајпциг.

Но, тоа не беше се од Нејмар минатата ноќ. Тој во 92. минута се обиде да го сопре Собошлаи кој се подготвуваше да го изведе пеналот, а Нејмар му дофрлаше него, но не успеа.