Connect with us

Фудбал

Неколку поранешни играчи на Ливерпул потпишуваат за Ренџерс поради Џерард?

Легендарниот англиски фудбалер Стивен Џерард неодамна беше избран за нов тренер на Глазгов Ренџерс.

За поранешниот играч на Ливерпул ова ќе биде првиот сериозен тренинг ангажман и јасно е дека пред Џерард е голем предизвик. Џерард не сака ништо да препушти на случајности и веќе полека почна да се подготвува за нова сезона со шкотскиот клуб.

Јасно е дека Ренџерс ќе мора да донесе неколку засилувања во текот на летото ако сакаат повторно да бидат конкурентни на Селтик кој доминира во последните години. Наводно, Џерард веќе има на ум неколку играчи што сака да ги донесе, а интересно е тоа што со нив ја делеше соблекувалната во Ливерпул.

Наводно, Џерард не сака да троши премногу пари и има за цел да донесе играчи на кои им истекува договорот на лето. Се чини дека новиот тренер на Ренџерс не можеше да избере подобар момент бидејќи листата на играчи на кои им истекува договорот ова лето е навистина импресивна.

Како што пренесуваат англиските медиуми, прва желба на тренер на Ренџерс е напаѓач на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, кој потврди дека на крајот на сезоната го напушти мадридскиот клуб. Иако неговата желба е да оди надвор од Европа, Џерард, секако, ќе стори сѐ што може да го убеди да дојде во Шкотска.

Интересно, е тоа што тој не е единствениот играч на кој на лето му истекува договорот, и кој играше со Џерард во Ливерпул. На оваа листа се уште Даниел Стариџ, Џејмс Милнер, Рајан Бабел, Макси Родригез, Јоси Бенајун, Алберто Аквилани, Мартин Шкртел, Алберто Морено и Пепе Реина.