Connect with us

Фудбал

Нема да го гледаме Наинголан во Русија, но нема ни во СеријаА

Раџа Наинголан е човек за кој многумина зборуваа во последниот месец.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, него го изостави од списокот за Светското првенство, а тоа кај овој фудбалски предизвика големо незадоволство.

Сепак, тој морал да се помири со таквата одлука. Нема да го гледаме во Русија, а како што стојат работите нема да го гледаме ни во Серија А од следната сезона.

Белгиецот добил понуда што не се одбива. Кинески Гуангжу Евергранде, е подготвен да му понуди 12 милиони евра по сезона, а Наинголан, наводно, е подготвена да ја прифати оваа понуда.

Така, 30-годишниот фудбалер од средниот ред, како и многу други ѕвезди, можно е кариерата да ја продолжи во Кина. Тој ќе се приклучи на огромен број играчи што играат таму, а кинескиот тим ќе добие големо засилување.

Рома исто така е подготвени да го продаде Белгиецот, а италијанските медиуми велат дека нема да има проблеми во договорот меѓу засегнатите страни.

Наинголан во изминатите пет години го носеше дрес на римскиот клуб. Тој настапил на 201 натпревар и постигна 33 гола.