Connect with us

Ракомет

Нема да разочараме на СП

Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, а сегашен предводник на Хрватска, Лино Червар, го најави настапот на Светското првенство (СП) во ракомет кое ќе се игра во Германија и Данска.

Хрватите се во група со Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.

-Мислам дека на СП треба да гледаме оптимистички и дека можеме со овој хомоген тим да ги оствариме зацртаните цели. Се наоѓаме на добар пат, го чувствувам тоа по опкружувањето. Уверен сум дека нема да разочараме. Ни следи година која одлучува за настап на Олимписките игри и ќе се обидеме сите без никакви недоразбирања и заеднички сили да си ги оствариме целите. Тоа би било уште еден чекор во континуитет на големите сцени, 14-те медали кои оваа држава ги освои ни се обврска да одиме чекор напред, изјави Червар.

Хрватска првиот натпревар на СП го игра против Исланд на 11 јануари.