Connect with us

Фудбал

„Нема да ве лажам, плачев поради повикот за репрезентација“

Доста внимание привлече листата на француската репрезентација за Светското првенство, што беше објавено вчера од тренерот на „Триколорите“ Дидиер Дешамп.

Францускиот селектор изостави неколку врвни имиња, па во Русија нема да одат Ентони Мартијал и Александар Лаказет, а на листата се најде 22-годишниот централен бек на германски Штутгарт Бенџамин Павард.

Фудбалер кој сè уште нема официјален настап за репрезентацијата на Франција, плачеше откако слушна дека Дешамп го изговара неговото име.

„Кога слушнав дека селекторот го изговара името на Бенџамин, мислев дека ќе прочита Менди, а потоа го слушнав моето презиме. Бев во друштво на семејството, агентот и пријателите и имаше голема прослава. Голем успех е да играте за репрезентација на мои години на Светското првенство. Нема ништо поубаво и нема да лажам, плачев“, рече Павард.

Младиот фудбалер настапи на три пријателски натпревари за Франција и очигледно игрите во Штутгарт го израдуваа францускиот селектор.