Фудбал
Нема да ви се верува: Германски четвртолигаш продаде 182.612 влезници, а натпреварот не се одигра!
РБ Лајпциг испиша историја и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите и постигна импресивен успех, продавајќи 182.612 влезници за мечот против „невидливиот противник“.
Клубот со овој вид на симболично продавање на билети, сака да ја ублажи кризата од намалените приходи поради пандемијата на коронавирусот.
„Донации пристигнаа од секаде, а влезниците чинеа едно евро. Го надминавме официјалниот европски рекорд од 1937 година“, напишаа од медиумскиот тим на Локомотив Лајпциг на социјалните медиуми.
Во саботата беше надминат и официјалниот европски рекорд од 1937 година – се пошегуваа од клубот, објави „Кикер“. Во тоа време, 149.547 гледачи го гледаа „вистинскиот“ дуел помеѓу Шкотска и Англија на „Хемпден парк“ во Глазгов.