Фудбал
Нема понуда за Санчез
И покрај сите најави за неговото заминување, чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез, нема да ги напушти редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед за време на зимскиот преоден рок.
Крилниот напаѓач постојано е критикуван поради очајните партии кои ги презентира во актуелната сезона, а дел од медиумите ја пласираа и информацијата дека Санчез не е задоволен од добиената минутажа и дека сака да го напушти “Олд Трафорд” веќе во јануари.
Главната причина за ваквиот развој на настаните е фактот дека моментално нема таков клуб кој би одвоил посериозна парична сума за обештетувањето на Санчез.