Фудбал
Нема повеќе фрлање пари: Кинезите воведуваат ограничувања за странските играчи
Кинеската фудбалска асоцијација (ЦФА) одлучи да воведе ограничување на приходот на странски фудбалери во клубовите со бруто од три милиони евра годишно.
Порано се случуваше играчи кои доаѓаат во Кина од Европа да заработат огромна бројка, но сега Кинескиот фудбалски сојуз е решен да го спречи тоа и да „промовира здрав и одржлив развој на професионалниот фудбал“.
Одлуката стапува на сила од 1 јануари и ќе важи за сите странци, дури и оние кои веќе играат во Кина.
Играчите чии приходи надминуваат три милиони евра ќе можат да „потпишат дополнителен договор за начинот на плаќање на добиената разлика“, но моделот според кој тоа ќе се изврши не е објаснет.
Што се однесува до домашните играчи, нивните договори ќе бидат ограничени на 630 000 евра годишно.