Connect with us

Фудбал

Немав каде да живеам, не ми даваа плата

Поранешниот фудбалер на Арсенал и на Барселона, Алекс Сонг, две години поминуваше низ вистински пекол како играч на рускиот прволигаш Рубин. Искусниот 31-годишен Камерунец за “топчиите” одигра 138 натпревари, а за каталонскиот гигант 39. По позајмицата во Вест Хем, Сонг во 2016 година потпиша за рускиот клуб од Казан.

  • Кога го потпишав договорот, ми беше кажано дека ќе добијам и куќа. Но со месеци немаше ништо од тоа. На крајот завршив во мала хотелска соба, со мојот компјутер, без телевизор. Не знаев ниту еден руски збор, целов време бев на тренинг и на интернет. Ми беше многу тешко. Во клубот постојано му повторуваа дека куќата е во завршна фаза, но еден ден дознав дека се тоа е обична лага, откри Сонг.

Сепак тоа било само почеток на вистинскиот пекол низ кој поминал играчот за врска.

  • Потоа престанаа да ми даваат плата. Ни кажуваа дека само што не пристигнала платата, а ние само чекавме и чекавме. Јадевме во клупските простории, немавме ништо. Побудалев, бев под голем стрес. Казан е убаво место, има убави ресторани и убави луѓе, но не можам да го заборавам тоа што ми се случи. Загубив две години од мојата кариера, додаде Сонг.

За време на летниот преоден рок Сонг побегна од Рубин, кој му должи 9 мил. евра и потпиша за швајцарскиот прволигаш Сион.