Connect with us

Фудбал

Неморална понуда за Малком

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека клубот пред неколку дена добил неморална понуда за услугите на бразилскиот интернационалец Малком. Еден клуб кој се натпреварува во кинеската Супер лига е подготвен да одвои 65 мил. евра за услугите на крилниот напаѓач.

Поранешниот фудбалер на францускиот прволигаш Бордо не е задоволен од минутажата што ја има во актуелната сезона, но актуелниот шампион на Шпанија сака само да го позајми Бразилецот до крајот на актуелната сезона, а потоа повторно да го врати на “Ноу Камп”.