Фудбал
Неочекуван трансфер: Диего Коста се враќа во Европа
Диего Коста одлучи да го напушти Атлетико Минеиро оваа зима по само пет месеци.
Искусниот 33-годишен напаѓач се врати во Бразил на почетокот на минатата година по договорениот раскин на договорот со Атлетико Мадрид. Имаше неколку добри настапи во дресот на Атл. Минеиро во Бразил, но сепак реши да го напушти Бразил.
За пет месеци 19 пати го носеше дресот на Минеиро. Иако се зборуваше дека кариерата ја продолжува во Коринтијанс, сега е јасно дека се враќа на европско тло.
Поранешниот напаѓач на Челзи ќе ја засили Салернитана која настапува во Серија А и се бори за опстанок.
Спортскиот директор Валтер Сабатини е главната причина што Коста одлучи да дојде во Салернитан. Напаѓачот ќе потпише договор до лето со опција за евентуално продолжување на соработката.
Коста во Салернитана ќе игра и со искусниот Французин Франк Рибери, а овој тим се обидува да ги доведе и Верди од Торино и Хавиер Пасторе, поранешен играч на ПСЖ кој моментално е во Елче.
Сите овие трансфери завршуваат со Сабатини, кој е во добри односи со многу големи играчи, меѓу кои и Коста, кој вети дека ќе дојде и ќе се обиде да го извлече тимот од опасната зона.
Салеритана е последна на табелата во Серија А со 11 бодови, со два натпревари помалку.