Connect with us

Фудбал

Непристојноста на Златан ги помина сите граници: Ибрахимовиќ намерно го удри Аспиликуета, па се преправаше дека е жртва

Репрезентацијата на Шведска синоќа беше поразена на гостувањето кај Шпанија со 1:0 и не успеа директно да се пласира на Светското првенство.

На Швеѓаните синоќа во Севиља им беше потребна победа против Црвената фурија за да ја заземат првата позиција и директно да одат во Катар, но на крајот тоа не се случи.

Шпанија успеа да слави пред своите навивачи со 1:0 и да обезбеди пласман на Мундијалот, додека селекцијата на Шведска се очекува да се бори во плеј-офот во март.

Швеѓаните синоќа максимално се бореа да се обидат да ги изненадат Шпанците, а на крајот од мечот шанса доби и Златан Ибрахимовиќ кој не успеа сериозно да и се закани на Црвената фурија.

Сепак, Ибрахимовиќ се најде во центарот на вниманието на јавноста поради неговиот груб потег кога намерно го удри Цезар Аспиликуета, а потоа се обиде да се преправа дека е жртва во сето тоа.

Сето тоа се случи на крајот од мечот и Ибрахимовиќ заслужено доби жолт картон, а многумина сметаат дека дури и заслужи исклучување поради тој потег.

Ибрахимовиќ очигледно заборавил дека судиите сега имаат ВАР и дека веќе не може да се прават такви работи и на тој начин се обидуваат да добијат прекршок или казна.