Фудбал
Несторовски би можел кај Балотели во Серие Б?!
Се чини дека престојот на Илија Несторовски во Удинезе заврши. Поголем број на италијански медиуми објавија дека ова ќе биде последна сезона за овој тим на нашиот репрезентативец. Наводно Удинезе има други идеји за нападот за следната сезона, а Несторовски не е дел од тоа.
Сепак, италијанските медиуми пишуваат дека три тима се заинтересирани за услугите на нашиот напаѓач. Сите се од Серие Б. Како најсериозен кандидат се спомнува СПАЛ, но тука е и Бреша, но и Монца, амбициозниот второлигаш за кој игра Марио Балотели, а сопственик е Силвио Берлускони.