Connect with us

Фудбал

Несторовски го одлучи дербито на Серија Б

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше клучниот играч во синоќешното дерби на Серија Б на кое неговиот тим Палермо ја совлада Перуџа со 1:0.

Најпрво Несторовски во 80.минута изнуди пенал за својот тим по еден негов центаршут од левата страна при што противничкиот играч играше недозволено со рака во својот шеснаесетник. Капитенот на екипата од Сицилија биеше прецизно од белата точка за победа и важни бодови во борбата за највисок пласман.

Вториот македонски репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски, на ово меч остана на клупата за резерви.

Палермо по пет кола е без пораз со две победи и три реми. Перуџа го запиша првиот пораз.

Табела: Фросиноне, 13 бода, Емполи 11, Перуџа 10, Карпи 10, Палермо 9.