Connect with us

Фудбал

Несторовски: На Италија не и се однапред запишани бодовите од дуелот со нас

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вели дека „црвено-жолтите“ одат по позитивен резултат на натпреварот со Италија која со претпазливост го дочекува дуелот од квалификациите за СП 2018 година.

– Имаме квалитет, во последната година одигравме неколку одлични натпревари против силни репрезентации, така што мислам дека и на Италија не им се однапред запишани бодовите од натпреварот во петок. Тие само теоретски можат до првото место во групата и затоа сметам дека растоварени ќе влезат во дуелот. За нас е важно што ќе имаме можност да уживаме во пресметката, среќни сме што играме за репрезентацијата и ќе го дадеме максимумот. Не одиме на прошетка, туку да се обидеме да оствариме позитивен резултат, изјави Несторовски за веб страницата на ФФМ.

Натпреварот Италија – Македонија е закажан за 6 октомври (петок) во Торино.