Connect with us

Фудбал

Нето побара да ја напушти Барселона

Голманот на Барселона, кој е резерва за Тер Штеген, Нето, сака поголема минутажа и е подготвен да ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок.

Имено, тој побара од челниците на овој клуб да го пушти, а сè уште не е познато дали ќе му биде дозволено.

Откако пристигна во клубот летото 2019 година, Нето одигра само 14 натпревари, што е поразителна статистика за него.

Секако тешко е да се очекува дека ќе има поголема минутажа кога знае дека неговата конкуренција е еден од најдобрите голмани во светот, Тер Штеген.

Затоа Нето побара да го напушти клубот, а до крајот на преодниот рок ќе дознаеме дали тоа ќе се случи.