Connect with us

Фудбал

Неверојатен учинок на Ханси Флик

Ханси Флик седна на клупата на Баерн во ноември 2019 година и од тогаш Баварскиот великан „мелеше“ сè пред себе.

Овој 56-годишник работи навистина феноменална работа. Минатата сезона тој го предводеше Баерн до сите можни трофеи, а оваа година, со исклучок на ДФБ-купот, тие ќе имаат шанса повторно да ги подигнат пехарите во другите натпреварувања.

Интересно, Флик досега ги доби сите нокаут натпревари во Лигата на шампионите на клупата на Баерн. Тој го водеше тимот на седум натпревари и забележа седум победи.

Секако, два од седумте натпревари се од оваа сезона против Лацио, а преостанатите пет ги запиша во минатосезонското издание на Лигата на шампионите кога го однесе Баерн до трофејот на последниот турнир во Лисабон.

Баварците сега ја чекаат ждрепката закажана за петок и ќе видиме дали Флик ќе ја продолжи својоата неверојатна низа.