Connect with us

Фудбал

Неверојатна борба за пари: Војната меѓу ќерките на Марадона и неговиот адвокат продолжува на WhatsApp

Диего Армандо Марадона почина пред две недели на 61 година.

Марадона почина во својот дом во Буенос Аирес, а неговата смрт го шокираше фудбалскиот свет. Срцето на Марадона едноставно не можеше да издржи, а истрагата за неговата смрт сè уште трае.

Многумина веруваат дека смртта била предизвикана од небрежност на лекарите кои требало да се грижат за него и на никому не му е јасно како бил без надзор речиси 12 часа. Но, покрај истрагата за неговата смрт, започна и борбата за неговиот имот.

Секако, секоj од неговото семејство сака по некое парче од оваа торта, а предводат неговите ќерки Далма и Џанина. За тоа зборуваше и неговиот адвокат Матијас Морла, кој се грижи за судски работи.

Со години е во лоша врска со своите ќерки затоа што тие сакаат да наследат се што поседува нивниот татко, но тоа е невозможно поради фактот што тие не се неговите единствени деца.

Дека не го ценат Морла, најдобро се покажа на погребот на легендарниот Марадона кога му забранија на овој адвокат да присуствува на истиот.

„Никогаш нема да заборавам дека ми го забранивте тоа. Срам да ви е“, напиша Морла на групата WhatsApp на ќерките на Марадона, а на тоа одговори постарата, Далма, која напиша само “кукавици”.